Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Битола

07.04.2011   Pl2.br.247/10

           

                                                    

                  ВО ИМЕТО НА ГРАГАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

            ОСНОВНИОТ СУД ВО БИТОЛА како првостепен  суд со судијата Силвана Илиевска   во правната работа на тужителот  АД ЕВН С. Кец Б.,  против тужениот Ф Н од Б. ул........, бр....... за исплата на долг вредност на спорот 14.975,50 денари, по одржаната усна, јавна и главна расправа, во присуство на пол. на тужителот преку пол.Н Т,и во отсуство на тужениот, на 14.03.2011 година донесе

 

 

            П  Р  Е  С  У  Д  А

 

                        Приговорот на тужениот  СЕ ОДБИВА.

                        Платниот налог на овој суд Пл.бр. 3698/10 од 17.06.2010 год..ВО ЦЕЛОСТ ОСТАНУВА ВО СИЛА за главен  долг  од 14.975,50 ден. и одделните  втасани  износи    и тоа:

                     Износ од 1.877,00 ден,законска затезна камата сметано од 15.6.2009 год до 31.1.2010 год,а од 1.02.2010 законска казнена  камата, согласно ЗВСЗК, до исплатата, согласно референтната стапка утврдена од НБ на РМ  што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му предходело на  тековното  полугодие, зголемена за 8 процентни поени до исплатата.

                     Износ од 2.913,00 ден,законска затезна камата сметано од 15.7.2009 год до 31.1.2010 год,а од 1.02.2010 законска казнена  камата, согласно ЗВСЗК, до исплатата, согласно референтната стапка утврдена од НБ на РМ  што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му предходело на  тековното  полугодие, зголемена за 8 процентни поени до исплатата.

                 Износ од  3.549,00 ден,законска затезна камата сметано од 15.8.2009 год до 31.1.2010 год,а од 1.02.2010 законска казнена  камата, согласно ЗВСЗК, до исплатата, согласно референтната стапка утврдена од НБ на РМ  што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му предходело на  тековното  полугодие, зголемена за 8 процентни поени до исплатата.

                Износ од 1.439,50 ден,законска затезна камата сметано од 15.9.2009 год до 31.1.2010 год,а од 1.02.2010 законска казнена  камата, согласно ЗВСЗК, до исплатата, согласно референтната стапка утврдена од НБ на РМ  што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му предходело на  тековното  полугодие, зголемена за 8 процентни поени до исплатата.

               Износ од 3.403,00 ден,законска затезна камата сметано од 15.10.2009 год до 31.1.2010 год,а од 1.02.2010 законска казнена  камата, согласно ЗВСЗК, до исплатата, согласно референтната стапка утврдена од НБ на РМ  што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му предходело на  тековното  полугодие, зголемена за 8 процентни поени до исплатата.

                 Износ од 1.793,50 ден,законска затезна камата сметано од 15.11.2009 год до 31.1.2010 год,а од 1.02.2010 законска казнена  камата, согласно ЗВСЗК,  до исплатата, согласно референтната стапка утврдена од НБ на РМ  што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му предходело на  тековното  полугодие, зголемена за 8 процентни поени до исплатата.

                   СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот да му ги надоместат процесните трошоци на тужителот во износ од 1600,00 ден,се во рок од 8 дена по приемот на пресудата.  

 

                                                О б р а з л о ж е н и е

 

            До овој суд тужителот поднесе против тужениот предлог за извршување за исплата на долг. Постапувајки по предлогот судот со решение пл.3698/10 од 17.06.2010 година во целост го дозволи предложеното извршување.

           Против ваквото решение тужениот поднесе  приговор.

            Судот постапувајки по предметот закажа расправа на која пол. на тужителот изнесе дека  останува во целост во тужбата со предлогот за издавање пл.налог. и доказите,поднесокот од 31.1.2011 год,се работи  за сметки од новото броило а не за старото броило, а бара и законска камата од втасаноста на секоја сметка согласно чл.266 од ЗОО.Во завршен збор предложи да се уважи тужбеното барање, трошоци побара.

        Тужениот не беше јавен, уредно викани,па судот согласно чл.8 од ЗПП,расправата ја одржа во негово отсуство.

         Судот во текот на доказната постапка ги изведе писмените докази, приговор на тужениот формулар НМ1 податоци за броило,картица за неплатени сметки, па по одценка на овие докази согласно чл.8 од ЗПП ја утврди следната фактичка состојба :

        Тужениот бил корисник на услугата од тужителот снабдување со електрична енергија.Како корисник на тоа не го има платено долгот кај тужителот и тоа износ од вкупно 14.947,00 ден.  Ова за периодот од месец мај  2009 год до месец  октомври 2009 год,кога го користел новото броило од тужителот бр.7271927,кое било поставено на 24.6.2009 год,а претходно користел старо броило со бр.480782.За овој период тоа се   месечните износи и тоа: 1.877,00 ден, износ од 2.913,00 ден, износ од  3.549,00 ден,износ од 1.439,50 ден,износ од 3.403,00 ден,и  износ од 1.793,50 ден,

         Тужениот до денес долгот не го платил,поради што е поднесена предметната тужба.

         Врз основа на вака утврдената фактичка состојба, овој суд   го одби приговорот на тужениот, и платниот налог во целост го остави во сила  согласно чл.423 ст.5 од ЗПП поради следното:

        Согласно чл. 251 од ЗОО,странките стапиле во должничко доверителски однос на начин што тужителот вршел испорака на електрична енергија,а тужениот истата ја користел,но не ги плаќал месечните износи како во изреката на пресудата за период од 5 месец 2009 год,до 10 месец 2009 год, 

Од изведените докази,картица за неплатени сметки судот го утврди и вкупниот износ од 14.975,50 ден,поради што ваквиот приговор е неоснован.Од друга страна од формуларот ХМ1 со податоци за броилото се утврди дека старото броило било во С. на баждирање,што тоа не е од значење во конкретниот случај,зашто се поставило ново броило и тоа на 24.6.2009 год,во периодот кога се однесуваат утужените сметки,бр.7271927.

Основаноста на тужбеното барање во конкретниот случај,произлегува од приложените материјални докази,од каде судот смета дека тужбеното е основано и по основ и по  самата висина.

Од тие причини се одлучи како во изреката на пресудата.

Одлуката за трошоците судот ја донесе согласно чл. 148 од ЗПП , и го задолжи тужениот  да ги надоместат во целост направените процесни трошоци, а овие трошоци беа нужно потребни заради водење на парницата во износ од 1.600,00 ден,и тоа такса за тужба, и такса за одлука по 800,00 ден.

 

 

 

                                                                              -судија,

                                                                        Силвана Илиевска

 

 

ПОУКА: Рок за жалба 8 дена по приемот преку овој суд до Апелациониот суд во Б..

ДНА: странките.      

С.Л.  

           

 

 

 

           

 

 

                                                           

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Назад