|
|
|
 |
НАДЛЕЖНОСТИ
ОСНОВЕН СУД БИТОЛА - НАДЛЕЖНОСТИ
Основниот суд во Битола е првостепен суд со проширена надлежност кој покрај надлежноста утврдена за основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани и тоа да одлучуваат:
1. во прв степен по кривичните дела и прекршоци, и тоа:
- за кривичните дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведува истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои созакон се ставени во надлежност на орган на државна управаили организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и пригивори за постапките за кои се надлежни овие судови
2. во прв степен по граѓанските спорови, и тоа:
- за спорови во имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, утврдување на постоење на брак, поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- за постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- за спорови од наследно-правни односи,
- во вонпарнични о оставински работи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон,
Надлежен е да одлучува и тоа:
1. по кривичните дела, и тоа:
- за оние за кои со закон е предвидена казна затвор над пет години и за кривични дела и прекршици извршени од малолетни лица,
- да постапува по предмети за екстрадиција,
- по жалби и приговори за постапките за кои е надлежен и
- да решава за постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон.
2. по граѓанските спорови, и тоа:
- за спорови од имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е над 15.000 евра во денараска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
- водат судски регистар за политички партии,
- во постапка за стечај и ликвидација,
- во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
- за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански односно трговски односи.
Со новиот ,,Закон за судови“ објавен во службен весник на Република Македонија бр.58/06 од 11.05.2006 година предвидено е формирање на специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал. Надлежноста на ова одделение ќе се протега на подрачјето на основните судови во Битола, Крушево, Охрид, Прилеп, Ресен и Струга.
Месна надлежност
Основниот суд во Битола се основа за подрачјето на општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар, со Судско одделение во Демир Хисар.
|
|
- Историјат
- Судска Зграда
- Годишни Извештаи
- Месечни извештаи
ИСТОРИЈАТ
Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија почнува со донесувањето на Одлуката на второто заседнание на АСНОМ од 2 август 1944 година, за формирање на судски органи и поверенство за судство како и судски оддели при народноослободителните одбори и нивните задачи. На 20 октомври 1944 година е донесено решение на Президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосното уредување на правосудството во Македонија, судењата ќе се вршат во народноослободителните одбори.
Oколискиот суд во Битола е основан согласно Повелбата на АСНОМ за устројството на редовните народни судови во Федерална Македонија од 31.03.1945 година. Тој функционирал како првостепен суд надлежен за решавање на сите граѓански и кривични дела, освен оние за кои било предвидена надлежност на обласните судови, како и за решавање на сите вонпарнични предмети. Истиот ја темелел својата работа на следните начела: начело на независност, начело на изборност на судиите, начело на поротност, начело на зборност и начело на јавност, како и право на жалба и право на употреба на својот јазик во постапката. Претседателот на судот, судиите и судиите поротници ги избирал и разрешувал Народниот одбор на битолската околија. Судот на овој одбор му поднесувал полугодишни извештаи за работа. Овој правосуден орган имал пионерска улога во градењето на судската пракса во новиот правен поредок во слободна Македонија, иако работел во услови на недостиг на стручна литература и инвентар и технички средства за работа, што сведочи за ентузијазмот на судскиот кадар и другиот судски персонал.
Со донесувањето на сојузниот и републичкиот Устав во 1963 година и со Основниот закон за судовите од општа надлежност, Околискиот суд во Битола бил преименуван во Општински суд Битола и продолжил да функционира како суд со општа надлежност. Судот, со новата уставна и законска поставеност, не бил само државен орган за судење, односно правораздавање, туку добил и задолжение да врши аналитичка и превентивна дејност, односно да ги следи и прочува општествените односи и појави од интререс за остварувањето на неговата функција и да дава предлози за спречување на општествено опасните и штетните појави и за зајакнување на законитоста. Општинскиот суд во Битола со успех ги извршуваше со устав и со закон доверените дејности, помогнат со прилив на школуван судски кадар на повоените правни факултети и остручен административен и помошен персонал. И понатаму, согласно начелото на отчетност, судот изготвувал извештаи за работа до Републичкиот секретеријат (Министерство) за правда и до Собранието на општина Битола, последново надлежно за избор и разрешување на носителите на правосудните функции.
Општинскиот суд во Битола, бил сместен во дел од просториите, кои сега се користат од страна на Апелациониот суд и Основното јавно обвинителство, а еден дел бил сместен во близина на поранешната зграда на Управата за јавни приходи.
Просторните проблеми на судот, предизвикани од зголемените надлежност, број на предмети и персонал, се надминаа со изградбата на новата судска зграда, на сегашната локација, која почнала да се гради во текот на 1972 година, а пуштена е во употреба на 1974 година. Новиот објект, составен од приземје и три ката, за тоа време располагаше со одлични просторни, технички и други услови за работа.
Со уставната реформа од 1974 година судската функција им беше доверена на редовните судови како органи на државната власт и на самоуправните судови. Општинскиот суд во Битола продолжи да функционира како редовен суд. За овој период е карактеристично едно успешно работење како во поглед на бројот на решените предмети, така и во поглед на квалитетот на правораздавањето, што го вбројуваше судот во редот на најдобрите на подрачјето на Окружниот суд во Битола. Општинскиот суд во Битола беше еден од општинските судови, кои имаа судски одделнија и тоа Одделението во Демир Хисар, а се интензивира и набавката на стручна литература, во функција на континуирано стручно оспособрување на судскиот, стручносоработничкиот и приправничкиот кадар.
Со донесувањето на Законот за судовите во 1995 година, во осамостоена Република Македонија и начелото на единствен судски систем, специјализираните судови (Окружен стопански суд, Суд на здружен труд и Судот за прекршоци) престанаа да постојат, а Општинскиот суд во Битола беше преименуван во Основен суд Битола. Со овој закон се зголеми и неговата надлежност, и тој стана надлежен за судење на сите кривични, прекршочни, граѓански и стопански предмети од првостепена надлежност, како и за водење на судскиот регистар. Судот, благодарејќи на кадровскиот потенцијал и ангажманот и соработката на судските кадри од сите генерации, во основа успешно се соочи со предизвиците на новата надлежност и со тешкотиите што на општествено-политички и социјален план ги донесе транзициониот период. Се оформи солидна судска библиотека, а засилено и зачестено се користеа сите можни форми на едукација на судиите, стручните соработници и приправниците, како и другиот судски персонал. Компјутеризацијата на судот, извршена во почетокот на новиот милениум, имаше неспорен позитивен одраз во квантитетот и квалитетот на неговото работење.
Зголемениот обем на работа на судот и зголемениот број на судии и друг персонал, ја потенцира потребата од просторно проширување на судот. Затоа, беше изработен Проект за надградба на Основниот суд во Битола. Доградбата на четвртиот кат на судската зграда, која беше финансирана од Судскиот буџетски совет, заврши на почетокот на 2006 година. Четвртиот кат, вклучува три модерно опремени нови судници, девет нови кабинети и шест канцеларии за техничкиот персонал, кои беа донација од Проектот за модернизација на судството во Македонија на УСАИД. Свеченото отворање на оваа надградба беше на Денот на правосудството, на 30 март 2006, а значеше уште еден чекор напред во осовременувањето на македонското судство и негово приближување до светските стандарди.
Претседатели на Основниот суд во Битола во сите негови фази на развој биле Киро Пашоски, Томе Ивановски-Маку, Диоген Хаџи-Коста, Ацо Талевски, Јорго Хаџи-Стерју, повторно Ацо Талевски, Георгина Мицковска, Душко Јанкуловски, Олга Бошевска, Александар Прчевски, м-р Стефан Караманди а актуелен претседател е Јордан Врбовски. СТРУКТУРА НА СУДСКА ЗГРАДА
Приземје
Телефонска централа, судски писарници, Управител на судските писарници, судска полиција, доставна служба, експедициона служба и судница.
I кат
Судии, стручни соработници, дактилографи, благајна, судници
II кат
Претседател на судот, Секретар на судот, библиотека, стручни соработници, дактилографи, судници, просторија за адвокати, сала за колегиум
III кат
Судии, стручни соработници, дактилографи, сала за колегиум
IV кат
Судии, дактилографи, судници, соба за медијација
|
|
| |
|
|